денешница (ж.)
И што беше најважно, добитокот беше онаа цврста рака што сѐ уште ги поврзуваше колибата и селото, што сѐ уште претставуваше мост меѓу минатото и денешницата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тука посетителот, оттргнат од денешницата, очекува да види нешто сосема ново, изненадувачко.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа е најопасна болест на денешницата. Посмртоносна е од сидата, побрзо се шири од ракот. Позаразна е од грип.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)