демографски (прид.)
Демографската експлозија во средината на 19-от век беше погодна за претворање на малите семејни мануфактури во големи индустриски гиганти.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Втора е дигиталната или компјутерската бомба - таа ги уништува принципите на самата стварност, не самиот објект, и повторно ги изградува. Трета е демографската бомба.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
(...) Парадоксално е што во време на современиот промискуитет диктиран од демографскиот пораст, тој физички живот на телото го има сѐ помалку.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Секоја од трите сили што сега го делат светот е практично неосвоива и може да стане освоива само низ бавни демографски промени, што една влада со широки овластувања лесно може да ги спречи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И ете ти самостојна куќа, приватна ординација, деца по демографско планирање, викендичка за летување и коли за секој одделно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Најпрво, со цел постигнување воедначен пристап при интервјуата кои допрва следуваа, беше направен интерен работен прашалник којшто, главно, опфаќа две групи прашања (демографски податоци за работникот и правни податоци за спорот) – кои, пак, понатаму беа класифицирани на неколку подгрупи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)