делокруг м.

делокруг (м.)

Напротив, AI нуди флексибилна рамка, со брзо зголемување на можностите и делокругот, за нашите обиди да ги помириме стриктно биолошкиот поглед на луѓето со психолошкото ниво на дескрипција; поточно, со концептите на лично искуство, вербата, значењето, намерата, предвидувањето и, конечно, одговорноста.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во неговиот делокруг сега ќе се најдат „корисничката површина” и софтверот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зборуваше кога мораше. Најчесто кога требаше да предупреди на некоја законска одредба од делокругот на неговата работа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој, понатаму, може да основа одбори и комисии за одделни прашања од својот делокруг; д) положбата на синдикалниот претставник значително беше влошена со замената на децидната одредба од ЗРО (1993), според која тој имаше право на посебна законска заштита од отказ и од други шиканирања за време на својот мандат (чл. 83, ЗРО/93), со одредбата според која на синдикалниот претставник, за времето на вршење на должноста, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување ако за тоа добие претходна согласност на синдикатот!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ликвидаторите, во рамките на својот делокруг, ги имаат правата и должностите на органот на управување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, биле намалени и делокругот на работата и ефикасноста.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)