деликт (м.)
— Сакаш да завршиш како деликвент со позајмен деликт, ми вели Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но сега чувствуваше силна потреба да ѝ се довери: - Долго време судев за шумски деликти.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко таму можеше да смета на вработување како судски вештак за шумски деликти, што беше една од неговите правнички специјалности.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси само од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За игра љубовна потентна алатка (клуч француски, а може и секира); Во сос похуван, рапаво сетило за зборообразување и други орални задоволства - логореа како нимфоманија, вербален деликт како крвна одмазда.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Имаше големи тешкотии во новата комунистичка земја да се вработи во судската професија, макар што во голем недостиг на судски кадри работеше во еден краток период како судија во општинскиот суд на предмети за шумски деликти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)