дежурен (прид.)
- А вие: мирно. Дежурниот одговара за редот, со строг професорски глас грмна служителот и излезе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа беше собата на дежурниот офицер - еден ситен човек што нервозно го сечеше малиот простор со брзи чекори.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Сите в строј! - командува дежурниот офицер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И така, наша Весна е дежурна. А тоа ќе рече дека станува рано, дека убаво се мие, се облекува, си ги чисти чевлите, јаде брзо и уредно и трча в училиште.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Весна е дежурна и еве веќе неколку дена не може да трпи неред.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дежурна е в училиште, а не дома - ќе речете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Требаше да ѝ се даваат лековите што ни ги остави дежурниот лекар секој час.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не случајно: Никола Кирков е едно од нашите најопитни новинарски пера, цели четири децении буден и дежурен толкувач на најдинамичниот период низ кој минува македонската историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дежурната ученичка веќе го пријави како отсутен и наставничката по историја го запиша во дневникот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Беше известена и дежурната служба на Федерацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сестрата ја одведе до една врата, на која пишуваше „дежурен лекар“.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа, зашто го чекав нејзиното јавување, бев буквално дежурен телефонист од утро до мрак.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сите негови другари, освен Орце, кој бил дежурен во визбата на бакалницата, седнале во близината до пристанишната кафеана за да му мавнат на Шатев за последен пат и да видат како ќе започне да се остварува нивното дело.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)