дегутантен прид.

дегутантен (прид.)

Дури и самото гниење во филмот ЗОО е стилизирано така да не изгледа дегутантно, а размената на материите во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ е прикажана исклучително сугестивно (сцената со Креклајт и кучето, како и унисоната смрт и раѓањето на крајот од филмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Текст - тоа е игра, слобода, концепт, вештина, дух, а не раскажување што му се случило на овчарчето Климе (структура: ред ресентиман -плач, детство, ред наци романтизам, ред “лирски пејсажи” дегутантни барем двесте години, ред политиканство, ред безвредно недуховити алегории што кобајаги се критика, и на крајот ред поуки и морални заклучоци).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Своевремено и ја се палев на утакмици и како млад мајмун одев по стадиони и спортски сали да го бодрам омилениот тим ама денеска сето тоа ми изгледа некако дегутантно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)