девиза (ж.)
105. Сарафов, Радев, Јанков уверуваа оти тие се борат со девизата „Македонија за Македонците”, за сите Македонци без разлика, и оти никогаш Македонија нема да се соедини со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секој тоа го доживеал во оваа паланка со згаснати светла, и секој тоа му го прави на другиот, затоа што главната девиза е: пцуење во мрак.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тука ќе се купува со долари. Ќе има девизи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Верувањето на гемиџиите во девизата: сами правиме - сами ќе одговараме! - се покажала како неточна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Тоа – не знам. Едни велат политички, други велат за шверц. Со пеницилин, со девизи. Не знам...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И потоа мојата девиза беше не зборови, а дело, а крајот е тој што го краси делото.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Неговата девиза била: „Секогаш делата стојат повисоко од зборовите“ 29.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
СОЊА: Во право си. (Пауза.) Ќе мораш да се селиш од овој стан. Му го изнајмив на Халил Хабиб. Плати две години однапред во девизи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Имено, познатиот сликар, писател, поет, волноумец, во поздравната реч до сите присутни на неговата промоција, истакна дека во животот поаѓал од девизата на Че Гевара - Да се живее реално, а да се бара невозможното.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Капиталистот те сотре знај со мотото „рмбај и цицај до крај“ „од сиромав земај на богат му дај“ на конто во странство девизи тој стај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)