двоглед м.

двоглед (м.)

Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога генералите ги зедоа двогледите и дурбините за да ги следат денешните битки, останаа зачудени: секој двоглед и дурбин беше закитен со маслиново гранче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој не само што им овозможуваше прошетка преку поширок круг, туку и добивање на располагање двоглед кој им го задоволуваше љубопитството во однос на животот на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
СТЕВО: Ќе ми пораснат крила. Ќе ви треба двоглед да ме видите. СИМОН: Кај ќе леташ?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Освен тоа, Хичкок го користи старото правило, познато уште на Ајсхил во „Орестија“ дека најгрозните дејствија се случуваат покрај одарот: крајот на настаните од таа секвенца е хотелската соба во која љубезно разговараат Елза и госпоѓа Кејпор, од терасата Ашенден со двоглед ги забележува случките на брегот; секојдневниот животен ритам се дроби врз подлогата на нашето знаење дека во тој момент на друго место, насекаде се случуваат напнати и страшни настани што непосредно се однесуваат на соговорниците, непријатноста, нелагодноста се продлабочува со страшната „лоша вест“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Шерифот изнајми хеликоптер и се качи на врвот од водената кула и оттаму нѐ набљудуваше со двоглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што е тоа вистински поет, се прашува хуманистот conte e cavaliere di Gran Croce don Emanuele Tesauro (1591-1667.) во своето, денес веќе заборавено, монументално дело, со за тоа време мошне прецизниот наслов: Аристотеловскиот двоглед или идејата за остроумно пишување... објаснето според принципите на божествениот Аристотел (објавено во Џенова 1654; до 1682 осум изданија).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Курто: Не ме дркај! Чичко Ѓоко те гледал од неговиот стан со двоглед!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Инакви погледи од исти двогледи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И двоглед, и двосмисленост и постојана потреба за суредување, за дотерување на фокусот, за вртење на леќата на времето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се спуштивме подолу, поминавме низ маглата, се наведнавме под долната граница на нашиот облак, погледнавме со двоглед и видовме како кон нашето градилиште, во концентрични кругови, се приближуваат жандармеријата, кралската гарда, полицијата, инспекцијата, баталјоните, војски, цела армија, и сите со заканувачки изглед, ѓавол да ги убие и да ги проголта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едниот од нив ја зграбил Рада го видов добро со мојот двоглед во скутот ја стегнал и нешто и блада а таа му фрла курвински поглед
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кољо го откина двогледот од очи и рече, подавајќи му го на Трајко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Генералот Зафиропулос, со двоглед набљудува само дел од фронтот. Гласно пцуе. Неочекуваниот отпор го изненади.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)