двигател (м.)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А 160 милиони потрошувачи со 20 милијарди вишок платен биланс, за нас западните Европјани го претставува тој посакуван двигател на растот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не треба да заборавиме дека двигателот на дејството на Мајсторот и Маргарита на Булгаков е анегдотскиот заплет, то ест автоматското, магиско извршување на желбата или наредбата (сеедно) да се „оди по ѓаволите“, поради што се менува временско-просторниот континуум.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тивко отсликување на животот на Вероника се крие во овие интимни дијалози, мудроста, вистината, нивната испреплетеност, контрадикторност, начинот на кој тие влијаат се носечки двигател во инспирацијата и креацијата која левитира низ нејзините стихови.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Онолку спонтано колку што е спонтана љубовта, вистинскиот двигател на сите човечки битија кои со љубов можат да изградат цел едн нов свет, но со спротивните чувства да го разорат.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
А доброто е таму каде што владее љубовта. Како двигател на сѐ, има ненадминлива моќ.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како што од пандорината кутија излезе само надежта, така ќе остане таа тајна, да тлее и прогонува сè што живее. Ќе биде највлијателниот двигател на телесни задоволства и непроменливиот сојузник на гревот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)