двегодишен (прид.)
Точно ли е дека Христина, како што ми раскажаа, вашето девојче, било само во станот, во моментот на земјотресот и истрчувајќи на скалите, ризикувајќи да го загуби животот се втурнала назад во станот и бестрашно го спасила и своето двегодишно сестриче.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Набљудувавме како двегодишно дете учи да зборува и дадовме теорија за тоа како шемите на детето можат да ја репрезентираат неговата способност да го учи јазикот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Јас, поранешниот емигрант, макар што сум ја минал границата на двегодишна возраст, тајно преку Езерото, за албанските власти и натаму останував нивен.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Оттука ќе се наложи постојаниот контрапункт, на ниво на наративните содржини, помеѓу инспирираните реминисценции на семејната „сага” и на инцидентите кои ќе му се случат во текот на четиридневната посета на оваа земја којашто авторот, не одвојувајќи се од мајчината прегратка, ќе ја напушти на двегодишна возраст, за време на италијанската окупација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Исечоците, кутиите за цигари, ретките стари фотографии, писмата, филмските ролни и споменарите од големата збирка на триесет и двегодишниот жител на Сан Франциско и посветеник на Крафорд, Нил Мачијевски, докажуваат зошто оваа класична холивудска „мамичка“ била најмила.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)