далнина ж.

далнина (ж.)

А има и нешто ново - електричните светилки наредени во далнината на булеварот. ...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тетка небаре ја следеше внатрешната линија на моето љубопитство, на времето разделно, па продолжи: - Една вечер пред заминувањето, стариот прилепски кадија му ја отворил до дно душата на татко ми крај чашката ракија и погледот упатен кон сините езерски далнини: „Пријателе мил, дојден сум да се збогувам со тебе, со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тука беа збрани претставниците на сите прастари живи суштества, собрани во домот на само еден човек, дојден од големите руски далнини...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го слушаше во ноќта на заминувањето на јагулите својот нов пријател од руските далнини како се вдлабува во описот на преобразбата на јагулите, не престанувајќи да мисли на сличната судбина на луѓето во егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Далечна беше далнината, во неа се губеше виделината исполнета само со желби...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во мигот кога најмалку очекуваа, пак прозбори Јани: - Сега би сакал да сум под домашната стреа, во дворот или во одајата или на нива или под зрелите цереши или под дебелата сенка на чинарот, па дури и во нашето буниште, ете, вака легнат - навален, загледан во далнината и висината и во очите на љубената...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Лелеее... - залелека плач мајчин и се стресе колоната што прудолу змиулесто се спушта и плачот го презеде планината, го голтна трапот, го однесе далнината...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И, гледајќи ги нив со чашите в рака и тие, со дрвените цокули, решив и му ја спраштив во слободата, та неа, кутрата, си мислев ќе ја најдам во планињето што немаат крај, во висините до под небо, во далнините и во шумите зелени и ширни, во видикот до кај што ти око гледа....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)