грицка несв.

грицка (несв.)

Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Лап! Лап! - повторуваше Калчо и грицкаше корка леб.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лежеше, седнуваше, стануваше, се обидуваше да откорне стракови папрат, ги маваше мравките што патуваа низ тревата, грицкаше горчливи тревки, а не знаеше зошто.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие не постоеја за него. Лежеше. Се одмараше. Грицкаше семки и - се здодеваше...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со врвот од моливот длабеше дупки во дрвото од клупата и нервозно грицкаше праменче од косата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги навлекува чорапите - мрежасти, со шев по средината. Ги закопчува жабичките, а затскриениот Љубовник ѕирка, грицкајќи кикирики.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во рацете постојано држат бисквити и наполитанки и само ги грицкаат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Интересно им стана: малу-малу и ѕирнуваа кон нас: вртеа со шиите, преминуваа со раката по носот, го грицкаа моливот и одвреме-навреме ги вртеа очите кон нас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По тој повод, на моите демоде образи им дарив долгнавеста О брада, а на брадата долгнавесто луле за грцикање.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Спокојот кубе коса. Совеста си ги грицка усните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Наместо овошје и зеленчук грицкам американски витамини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа бил прекрасен изговор за скитање низ шумата, дување на драчот и грицкање на цветови; токму тоа Брунила Вексли и правела кога налетала на вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие му порачуваат на Американецот кои снегулки ќе ги бутне во уста, кои кекси ќе ги соџвака, која конзерва ќе ја проголта, кој пијалок ќе го испие, кои бомбони ќе ги грицка...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа шумно грицка и пак гледајќи го, го прашува: „Од болница ли идете? Не? Можеби од затвор?“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Калкуланти, бедници, лицемери, кулоарски вошки што ги грицкаат театарските завеси, лешинари на празнината кои никогаш ништо друго и не правеле освен што го одржувале бесмислениот празен оган на големата празна празнина, на чие што дно ко во некоја инка/црна дупка, ко талог, трепериме и ги слушаме нивните мегафонски ступидарии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Чудни некои времиња се стаиле овде и наоколу врз Балканов валкан а свет на чело со класични руски кловнови и нови балкански клонови та катаден гледаме процесии работнички студентски селски граѓански и поворки погребни што маченици испраќаат - светци незнајни минатото го закопуваат на иднината не мислат оти ја нема а сегашноста горка ко корка сув леб ја грицкаат и чекор по чекор бараат dénouement, dénouement и мантраат: FUCK THE BEST WE’RE THE REST 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како да имам мало отровно змиулче што шета низ моето срце и го грицка парче по парче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Суџуците таа самата со голем мерак ги подготви за инает на новиот Музафер-ага, ги измеша со јунешко месо и со разни мирудии, и откога ги исуши им даваше на децата да грицкаат сув суџук, за да не ги издаде миризбата при пржењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ане си го грицкаше лепчето во рака и се воздржуваше повторно да не заплаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе