грижен (прид.)
БОГДАН: (очински грижно ги брише со крпа блујаниците од Пијаниот).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Колку е грижна баба ми! Веројатно сите баби се такви.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мајка ми влезе во собата во која спиевме, сега будни, за да нѐ покрие и допокрие грижно.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кожата околу раната грижно ја натопи со мек памук, млака вода, портокалово- црвен сублимат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мајка ми, незабележливо, со своите остри погледи ни ги замрзнуваше насмевките на лицата и ние брзо-брзо излегувавме гушејќи го кикотот во дланките, оставајќи ја девојката занесена во својот ритуал, и мајка ми која правејќи се дека ништо не гледа, грижно ги бележеше тие знаци на првата девојчинска растрепереност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Ќе излегувате? - праша таа, а после придаде потивко и грижно: само ти се молам, не оставај го многу да пие.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)