грива (ж.)
Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи; и уште беше тој во крв; ја копка земјата и лад со гривата му држи на стопанот и другар прв.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Коњот пак исцвили. Ја затресе бујната грива, се исправи на задните нозе и како стрела летна со војводата кон Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сепак, над кадифестата муцка очите меко му светкаа, беа питоми и благи како да беше грло со свилена перјаница иако имаше шушкава и ретка грива.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Коњ со минати подвизи и ретка сува грива.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од нив светка, се прелива, дури и црната прав што постојано врне од белата грива на возовите...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Магарето трчаше, фрлаше со нозете чифте, ама Гоце јуначки се држеше за гривата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дорчо мирно пасеше. Тој му пристапи го помилува по гривата и го бакна во муцката.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Поминуваат возови. По нив останува само грива од густ чад.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Бојан ги рашири прстите и ги забуца во меката грива на кучето, Стрела чучна на прагот од колибата со спрчнати уши, насочени кон темнината и тишината на снежната зимска ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дојде до кучето, клекна кај него, провлекувајќи ја раката низ неговата густа сива грива.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Гривата на планината далеку над нив побелуваше пред изгрејсонцето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Само кога ќе припука ќе ја крене главата, ќе ја затресе гривата и ќе се премести.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Полека чекорејќи, влезе во стајата и љубопитно гледајќи го коњот, го погали по јакиот врат, го повлече за ретката грива и му се наведна над увото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Долговрат, со развеана грива, нечуен и повеќе сличен на птица, минуваше во чудни и долги скокови преку голата грпка на ридот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)