гребен (м.)

Повторно доаѓам пред долината и таа се отвора како стара книга на залутениот ветар лисјата се шират и во неа влегуваат право високото небо со гребенот на врвот планински што лебди над облаците потоа снегот што се спушта жолт и овенат право во моето срце измешан со поројот во 'рбетот што му шуми.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во сонот што те води по меки врвици по остри гребени во кои те чекаат час плавни починки час модри висини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Отпатува сонот каде што му го покажуваше патот, Отаде светите гребени на цветањето...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нејзе ѝ ги подгорува крилјата, мене ме гламносува. Ја милувам по главата, а косата ѝ испаѓа, небаре коноп од под гребен. Ја викам Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој се мачи да им каже нешто, го знам каков живец е човекот, косата му се костреши, ко запци од гребни му се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште повеќе и за тоа што леташе ниско, над самиот гребен на источниот лак.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Планинските гребени ми се гледаат крастави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мила тргна по патот. Мирно го примаше ова неизвесно, ненадејно патување низ гребените, па сѐ до сртот на планината, до една зашумена лединка, до една осамена колипка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе застане на работ од гребенот. Ќе застане свеж под сенката на топлиот балон.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Златните крилја трепереа во татковите раце и на неговите раменици, чиниш живи се, и тој ги гледаше, а преку нив гребенот, долу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чувствуваше како песокта ги завева гребените на Атлантикот и создава благо налегнати дини што би можеле да го спасат кога, како невешта птица, би пропаднал удолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само студеше многу кога пристигнав, од толку што беше на отворено горе на гребенот... невозможно беше да се згрееш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во устата држи џоинт, лежејќи свиткан на страна позади во комбето на еден гребен над реката Снејк каде што тие сега живеат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вљубени во бреговите и плажите, ртовите и гребените, карпите, полуостровите и линиите на брегот, тргнавме последниот ден од рамазанот, откако успеав да го совладам егзотичниот менувач на реното, низ буганвилии и низ заслепувачката сончева светлина источно од Тангер кон карпите на ртот Спартел, кадешто Гибралтарскиот теснец се сретнува со Атлантскиот океан, а од таму покрај брегот кон југ низ со риба богатиот Асилах до од пат тргнатиот крајбрежен парк наречен Дипломатска шума, кадешто застанавме за да пливаме.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Раскошните тропски риби од корал­ните гребени пливаат преку тивкиот океан; обајцата Полардови се големи љубители на подводни филмови.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас пак повеќе сакав навечер да читам или да работам над оној мој есеј или да правам анотации во врска со некоја нова тема или просто да ја слушам како шлапка водата на езерото и да гледам во гребените околу, чувајќи ја својата тага.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пилињата, што тој ѝ ги покажа на Рози кога беа стари само еден ден, сега сѐ уште немаа гребени и кикиришки, и личеа како мали кокошки, гиздави и убаво покриени со мазни пердуви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Онаму далеку, над гребенот на планината се навали сонцето и целото Деволско Поле го облеа со последните зраци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе