грандиозен прид.

грандиозен (прид.)

Ете, одненадеж, гледаш дека си изградил убав и грандиозен објект, а за нас нема поголем награда за сите маки, за сиот труд. Така е и со Куплени Остров.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пример, павилјоните на СССР и на САД, обата грандиозни, поставени еден наспрема друг, едниот четвртест, другиот кружен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, сите овие новоградби, грандиозни и модерни, по завршетокот на Изложбата ќе бидат разурнати, а на нивни место ќе се појави одново парк. Такво било барањето на Белгијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Познато лого - политикин во помал фонт, а под него грандиозно - ЗАБАВНИК; Отстрана слоганот - за сите од седум до седумдесет и седум години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бабо, бабо, зошто ти е толку голем... Овде све е големо, грандиозно, кабасто, „огромателно“...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Што, по ѓаволите?!.. Грандиозниот залет заврши повеќе од неуспешно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе ти кажев дури и кој ѝ ја рашири вратата на нашава убавица Росана за да влезе во салонот на Домот на Армијата на онаа грандиозна прослава што не ѝ слегнуваше од устата цели три недели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се случува најпредвидливата инсталација на грандиозно недисциплинирани дејствија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И така трговецот со добиток, довикувајќи ја на помош девицата Марија, храбро ја спроведе својата замисла, иако таа воопшто не беше грандиозна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Структурирано грандиозно величествие таканаречено град. Врне град.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Душата на Александар му се наполни со дотогаш за него непознато чувство, страв од грандиозноста на балот, самозадоволство што е повикан на најважната приватна забава во земјата и презир кон нејзините гости.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И така е: кога човекот станува библиотека, а библиотеките оживуваат низ призмата на личното искуство, тогаш се добива навистина грандиозно дело.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пол е неавтентичен и стерилен, неумолив лажго и фантазер, со заблуди за грандиозност. Животот би си го дал за неприкосновената возбуда да помине една недела во стариот хотел Волдорф-Асторија во Њујорк, длабоко самопотврдно искуство што му дава „чувство дека искористил колку што можел, дека го проживеал животот за кој бил скроен“ (135).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)