грамаден (прид.)
Пред да му одговорам, стаклената врата на куќата се отвори а низ неа истрча грамадан жена.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За сето време мечката била мирна, ја придушувала во себе таа неиздржлива болка, иако тој на своето лице го сеќавал ужасниот трч што ѝ ја дробел нејзијата грамадна снага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле, кога застана на сртчето од другата страна, знаеше дека само среќата, неговата среќа, или среќата на оној негов громаден нерез, не сакала да биде онака, како што сакаше тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа претставува грамаден откинат квадратен блок од алуминиум, кој со својата естетска поставеност си го нашол своето место во средината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа го предизвика стариот Дамчета, тврдоглав, бистар и грамаден селанец, да отиде кај нив и да ги укори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Речникот на „Мост” набрзо бил збогатен со магијата на маски, со острите испрекинати цртежи и со грамадната цврстина на фигурите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сега таа топка стоеше вкочанета врз грамадното тело и ме чекаше да гризнам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Климент Камилски подоцна ќе доаѓа во Татковата библиотека со крајна цел да открие нови книги, но и да се одмори од својата грамадна библиотека, која од ден на ден се зголемуваше и го смалуваше времето на неговото присуство во неа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)