градски (прил.)
— Аферим, бре Ристе, анасана! — вели ќатипчето. — Види, како научил невестата Бојана да правит здраво живо по грацки. Така требит.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во планинава, во Гогов Валог доаѓа девојче! Градско, по градски облечено, на градски живот научено!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И со бел туљбен преврзана, градски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навистина и другите Акиновци се облекуваа така, во градски, но неговата облека беше од посебен крој.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го слушам татко ми: „Болната трпеливост со која пожолтениот лист го чека денот, ја чувствувам однатре. А денот е градски... сив и убав“. ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чанга, спроти денот „Д”, ги повика сите козари, ветерани и млади, козари со убиени кози, козари со покани да дојдат во дивиот дел на големиот градски парк, крај реката, со семејствата, да го прослават неговото враќање со козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Влатко обезбеди статија: ЦЕЛ ГРАД КАКО ДЕПОНИЈА!!! со поднаслов: Градските власти уште пред стартот на акцијата свесни дека во предвидениот рок нема да може да се исчисти градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Татко му најпосле, колку со молење толку и со инаетење, го одведе в град и го запиша во едно средно училиште, каде што се изучувуваа нови градски занаети.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како и секој стар градски занаетчија, Ружди берберот длабоко ги почитуваше даскалите како учени луѓе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
По „градски“ го л’штеше подот, го мачкаше со маст, го покриваше со теписон од крај до крај, а по „селски“ пушташе черга по дијагонала.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)