грабне св.

грабне (св.)

А ние, од бачило што се наоѓаше тука, грабнавме овнови алчно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Кога видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земе стапчето и го грабнал штркот преку половина со обете раце и свикал по мајка си: „Мајко, мајко го фатив штркот.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Море што се пречкате тука, дајте ја ваму јас ќе ја пресечам. (Ја грабнува погачата, сече и фрла пред секого по едно парче, а останатото ѝ го дава на Ката).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Земјата мила, мајчица родна колку е сочна, мека, грабнете плугој, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Професорот зачудено погледна во неизбриченото војничко смело лице. И го грабна дневникот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Оти, мори песјачко, ми и к'ниш децата, чавките да те к'ват и орлите коските да ти и носат? — и во таа безумна состојба ја грабна за коса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој понапрешниот ме грабна ошче шеснаесете години кога ошче спие со мајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш Трајанка излезе пред децата и ги грабна оние двајцата што се бореа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме прогони како жена блудна, ненаситна, похотна, осамена. Ме грабнува во прегратка пламена неизбежно и со сила судна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Просто зареве не престанувајќи, да ја толче главата од каменот: – Го грабнаа неверниците-е-е...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Трајко премре. – Кој го грабна и зошто? – викна и пак го исправи татка си.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој чекореше. Чекореше ненадејно грабнат и понесен негде далеку, каде што можеше да се стигне само со срцето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но во мислите на Диме таа се претвори во страшен змеј, што долетал од некоја далечна планина и дошол да го грабне.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе