горко прил.
горок прид.

горко (прил.)

А тие кои ходат по баење и по маѓии и кои сон верујат, тешко и горко ним!
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Но видовме дека сме горко излагани во нашите надежи и дека наместо арнотии ние видовме само лошотии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Маж!... Маж!... И слатко и горко е да помислиш дека го имаш!... (Лирично настроена, опфатена од чувство на притаен копнеж).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Делии глави веднеа, немеа самовилите - тешко на тија, горко им така што гинат на војна!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- Одлично! Ти не си придавка. Горко сум се лажел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој се сви на местото и горко заплака...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога малку повеќе макнав во ова црвеникава маса, веднаш горко се покајав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто нашиот учител Константин вели: Човек што се прејал мед, не се лечи со мед, ами со горко...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Немој да ми кажеш дека ќе морам пеш до долу! горко промрморе во себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но се мамев, горко се мамев, сè беше горко заплеткано во големата пајажина, најмалиот допир отстрана го задви­жу­ваше целиот проклет систем пајажина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кметскиот го снемува. „Малку е слабичок...“ Ке се здебелам, помислува Кочо неволно, и после горко сам си се насмева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Тој е”, си мисли Петре и не се јавува злоба во него, ами некакво горко разбирање дека така треба да биде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Освен Соколета Кипра, оваа разделба ја почувствува горко уште еден човек, тоа беше Крсте, студент по филозофија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По добрата голтка горко кафе и цигара, Рада конечно се вклучи во „бош“ муабетите на Душка и Роска, станувајќи дел од екипата која озборува без мерка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уф, ама смрдат. Покриј ги брзо зашто местото ќе се наполни муви - горко се насмевна таа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)