гони несв.
гонител м.

гони (несв.)

И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ги плашеше како што зајак се плаши, кој бива гонет од изгладнет орел . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се истребија ајдуците што земаа склаф. Доколку излезе некој, власта ги гони.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Колку што можев да се сетам во некои куќи живееја, се гонеа ноќе и се плодеа секакви мачки но сосем црна не беше ниедна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трчав сѐ до безизлезната улица со чувство дека сувиот призрак ме гони.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега Бино беше мирен, бидејќи и Јован им се продаде на Србите, та немаше кој да му забележува и да го гони ако ставе некој „лимпрч“, како што се изразуваше за државните преврати самиот Бино. Јована пак, страшно го печеше Биновата положба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сами сме. Ништо не велиме. Некое немо разбирање нѐ гони да се разделиме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тие секогаш го гонат а тој секогаш исто ги прашува. - Зошто, тротоарот ваш ли е?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но кој го гони зајачето? Се затскрив малку зад една смрека и гледам, во тој правец од кај што трча зајачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби лисицата веќе го гони а можеби веќе и го држи во забите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Турците, што беа во заседа, скриени во суводолицата покрај ливадите, отворија на него оган; сега кога видоа дека тој бега и ја наближува шумата, скокнаа од местата и со пукање и викање се спуштија да го гонат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гонет поради револуционерниот говор од фашистичката полиција, бил принуден да се засолни во Софија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа го гонеше на смеа - гласна, пилеста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе