гние несв.
гниеж м.

гние (несв.)

Лај, лај колку сакаш, ама тебе ќе ти гние грбот како на магарицата наша, јас пет пари не давам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа не сакаме да гниеме, да ги браниме избеганите генералски никаквеци. Говореа, беа селани.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Последниот заб му гниел во коренот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не верував во верност, Оче Симеоне. Нели ти кажав порано дека последниот заб гниел во челуста на тој некогашен цар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто за ваков ситна работа да гнијат тебе коските и предвреме да лежиш во гробот?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Што признава оваа непрепознатлива пештера со подземни сонца, Овие пеперутки веќе што не распознаваат светлина, Што сака да каже мирисот на ова осамено стебло што гние?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- И имавме секакви круши: и оскоруши и горници и кајкушки и туѓинки и јакачки и кантарки, црвеникави, што гнијат само зиме. А пакмез...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
...до следното наравоучение и натаму до секое ново грбите на езоповците гнијат во најдлабоките празнини нивните басни 'ртат во нечије друго детство во некоја друга носталгија... блуз за милиот ислужен светец или варијација на тема – теоријата на релативитетот во просветлените животописи почеток... C-дур
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби и немам на кому да му пишам и да го потсетам дека исто вака мирисаат во овј час тревите на Ерменија и на Македонија, можеби поскомињаво и полуто зашто таму тие се поени со крв и со гниење месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полека глутницата се проретчувала. По шумите гниеле заклани волци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А душата не е од ништо составена, од ништо сложена, таа е проста, без составки - и затоа не се распаѓа и не гние, бесмртна е.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Храната што овој човек ја јаде има само еден недостаток за кој тој не е свесен: страшно многу одпад останува така што колку што ужива во јадењето двојно повеќе ужива во фрлањето на отпадоците што сепак заплашуваат да го задушат со сето свое смрдливо испаливо гниење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беше тука, гниеше под јаболкницата, сѐ понетрпелив и сѐ понепријатен; не поради тоа што тој така сакаше, туку поради тоа што и по сето тоа долго чекање тој сѐ уште не можеше да лета низ ноќното небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Призрак чита: „... Толку густа шума што таму гнијат сенките...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе