глетка (ж.)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Глетката која дотераните ја видоа на сретсело не беше подобра од онаа во црквата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја приготвуваше кадијата за сите „неверници”.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ја фати пак за раце и ја исправи, та почнаа да се гледаат еден со друг и да се милуваат со очите, додека везирот, што ја гледаше глетката не заповеда: – Доста, Арслан-ага. Толку сакав да знам.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Борко замижа, не можејќи да ја поднесе глетката.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да полудат пред глетката на грубата и насилна смрт.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Излезе командирот вчудоневиден од глетката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Почувствува лесна вртоглавица од глетката што прва му излезе пред очи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Коџабашијата се фати за очи од глетката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот спиште при овие глетки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ниедна зграда на овој плоштад , иако изградени во различни стилови, не се одделува од општата глетка која претставува едно единство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А кој човек може да си наметне ваква самодисциплина, кога секој трча да види сè што е ново: општата глетка на најмодернистичките архитектонски решенија на павилјоните, тоа што во нив е прикажано, спутникот во советскиот павилјон, електронскиот мозок во американскиот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Честопати таквите дочекувања на ноќите и глетките како сакатите девојки носеа цвеќиња во своите коси имаа необична, таинствена, восхитувачка, занесна, опојна среќа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Здивот на публиката зад тебе е сосема малку важен во откривањето на глетката.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Гледаа извесно време, а потоа рекоа: - Прекрасна глетка...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Утрото по битката, ја затекнува глутницата што се храни со мршите на поразените, прекриени со ситен снег; глетка од прасоздавањето на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А глетката во далечината е величествена.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Долго не можев да заспијам, замелушен од рајот глетки од праисторијата, во кои бронтопсот, пробивајќи се низ џунглата од џиновски папрати, во скржавата светлина на праисториското утро, без престанок ждере плодови, инсекти, јајца, корки леб, кобасици, и некои растревожени човечиња што безглаво упаѓаа во неговата расчепена, лигава челуст...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)