гигант (м.)
Ко сторачен гигант сам против албанската чета беше се испречил така.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Погледот ровја му беше, а ударот гигантски задаван назад и напред — смрт за Албанецот грешен.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тука расте индустриски гигант - за каучук и рафинерија за нафта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Понекогаш ја замислувам Америка како гигантска смукалка, машина за рециклажа, која вцицува сѐ на што ќе наиде а назад исфрла заводливи вреќи со ѓубре. Trash-от овде е подигнат на ниво на космички принцип: ѓубрето се произведува за да се конзумира, ѓубрето се фрла за да се произведува повторно. Trash-от е насекаде, trash-от е генетската шифра на човечкиот вид кого што Америка најјасно го препознала.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Заради еднодневното седење во гигантската змијовидна опашка, каде што секој миг станувавме од столовите за да се помрднеме понапред, хрватскиот пасош ќе ми биде особено сладок.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со тоа добиваме една гигантска развојна перспектива. Ќе умееме ли да ја искористиме?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Демографската експлозија во средината на 19-от век беше погодна за претворање на малите семејни мануфактури во големи индустриски гиганти.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Имаме историска шанса да добиеме за изградба стопански гиганти, особено во доменот на експлоатацијата на рудното богатство и драгоцените минерали.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Обезвреднетата фабрика, некогашен гигант и бисер на велешката индустрија, беше продаден за смешна сума на трговското друштво „Керамика Нова“ ДООЕЛ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)