гастарбајтер (м.)
Се навикнав на тоа Швеѓаните да ми зборуваат дека нашите гастербајтери чуваат свињи во купатилата, Германците за валканите клозети и мрзеливите келнери на Јадранското Море, се навикнав Парижаните да ми зборуваат за југо-мафијата, а Лондонците за „усташите“ и „четниците“, трепетот на цивилизираната Европа...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Потоа гастербајтер во Германија, кој што неколку дена откако ќе дојде до својата печалбарска дестинација се решава да се врати дома.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
По оваа работничка голгота, се чинеше дека доаѓаат подоб ри времиња кога за оваа веќе пропадната фабрика се најде 249 заинтересиран странски инвеститор2 од Австрија [всушност, тоа беше наш македонски гастарбајтер од Виена кој имаше велешко потекло и – дали поради носталгијата, навидум, сериозно беше „загреан“ и сакаше да вложи во рестартирањето на фабриката].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ГАСТАРБАЈТЕР Правам пара овдека Срце за дома пека Ќе ринтам ко коњ до века
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)