гарсониера ж.

гарсониера (ж.)

Живеев незаконски во една гарсониера во Карпош III.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И моето „живеење“ во гарсониерата си е приказна за себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Гарсоњерата на Раде е прилично оддалечена од Поштата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А потоа и оној додатен податок: Роза ми објасни дека се јавувала по телефон дури од Градска пошта, добро сум знаел дека Раде не држел дома телефон бидејќи гарсоњерата ја користел само за починка (се разбира Роза притоа не спомна дека таа гарсоњера Раде ја користеше всушност за неговите машки потреби).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)