вџаши св.

вџаши (св.)

Нунката се вџаши од чудо, се изненади, изнацука на убавините и умот што го направил ова „чудо", и разбра што сакаше да разбере!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И како што беше спокоен, достоинствен, наеднаш се возбуди и вџаши. – Од кое место сте вие? – пак праша и ѝ се приближи на Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Анѓа се осмели да го погледне овој силен Турчин и просто си го виде својот сопствен сурат во неговиот и веднаш се вџаши, па почна да мрда со устата, ширејќи ги рацете за прегратка и вртејќи се кон него. – Ан... Ан... Ан... нгеле, брате!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно е ужасно, мислеше Змејко кога сеќаваш како нешто ти недостасува, кога сеќаваш дека си останал без еден дел од своето тело, кој ти останал некаде незабележано по изминатиот пат зад тебе, во сите изминати денови, а ти си продолжил носејќи му ја празнината, постојано чувствувајќи се прогонет од тој недостаток, сѐ дури вџашувачки неочекувано еден миг не те натера да го побараш, и додека не откриеш дека си останал без него. Каде ли го загубив, мислиш, каде ли?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Французите тоа ги вџаши од несфаќање зошто го одбегнуваат мостот и сигурно помислија дека тоа било поради камчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фелдфебелот се вџаши од неочекуваното прашање.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сега беше вџашен командирот. - Што е тоа крублинаво? - зачудено праша тој.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
1. КОГА МЛАДИТЕ СЕ ВЕСЕЛАТ, СТАРИТЕ СЕ СРДАТ - не затоа дека таквите веселби ги плашат, ами дека во тој ритам не смогнуваат да мрдат без коска да исчанчат ил' око да вџашат ...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде се или во некој ресторан, ахчилница, слаткарница - на сладолед и млеко, или во шкембекчилниците, или во некој магазин каде што се пазарат со продавачите, или пак - се вџашуват пред ветрините на златарските дуќани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме вџаши нејзиниот мир. Неискажливо тажно, без отпор, нејзините очи ме набљудуваа од друг свет , како да ме жали и теши во ист миг.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нем е, а говори, се вџашија, Допрашаа: „Кажи ни кој си ти, Кој со таква благодат те надари, Слеп да гледаш, нема да говориш?“ „Избран е!“ Небото им одговори.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тој си ја знаеше работата, ама во еден момент ги вџаши селаните, па почнаа да шушкаат и да не знаат ни што да речат, ни што да прават.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Догледање. Господинот Сенка е просто вџашен, и долго не може да се соземе од она што му го кажа Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но она што вџашуваше беше изобличеноста на неговото лице. Тоа наликуваше на череп.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги зеде во предвид сите можни околности, но не си дозволи да се вџаши и да го тргне умот од она на што решително го имаше насочено.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
-Што да направам? – се вџаши од изненадување Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се доближив до прозорецот! Бев вџашен од глетката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тогаш ѝ се вивна некој пламен, целата се вџаши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе