втисне св.

втисне (св.)

Ана, твоето име ќе биде втиснато врз мермерот на славените!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На усниве, во мислата, врз душава се втиснати буквите на твојот неизречен збор и велам - добро е.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Над Уј, од каде започнуваат и благите планински превои на Ардените, се втиснало уште едно градче, едно од најпознатите места во Белгија - Сартр, во кое се родил и долги години живеел нобеловецот Пир, свештеник, награден за хуманитарност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Втисни белег во нутрините на нејзината мекост.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Но жедта за слободен живот во него била поголема од сите други желби, слободата уште од најраните години била втисната во неговото срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие очигледно не се шегувале, секој час заплашуваа да се појават, да поскокаат од ѕидот, како тука, на него да беа втиснати нивните неспокојни, болни души.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И црневица се растури накај џадето, Турмата како диво надојдена река, црна, огромна, разофкана и развикана, расплакана и разлелекана - надоаѓа, надоаѓа, се згустува; истечува од горе и дотечува, бучи, завива, вие, тупа, дига облак прав, го наполнува просторот, се влева во ендеците, се втиснува и се растура меѓу камионите, ги опкружува, се збива, се рои, во бранови се фрла, трча, клокоти, врие и вика гласно, болно, продорно, пронижувачки, жаловито, галежливо, тажовито, испрекинато, молбено и шепотливо: - Е-е-е-е-е!!!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Секоја од империите, осудени на неизбежен пад и заборав, како да има свои надгробни плочи во остатоците на киклопските камени блокови на кои беа втиснати пораки со различни писмени знаци, секогаш разместувани од новите освојувачи или од потресите на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие сликари кои живееа заедно и сочинуваа своевидно социјалистичко гето, збунето го насетија познатиот отпечаток, оној кој бидува втиснат еднаш засекогаш, отпечатокот на човекот кој го почувствувал, макар и за кратко, притисокот на тоталитарниот режим.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш таа сфати дека секој ден ќе треба да биде посебен и втиснат во нејзината меморија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сите овие години се обидуваа да му втиснат во мозокот претстава дека е припадник на најмоќната, најспособната нација.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Остана втиснат во мене само оној стрептеж на возбудата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чекорам по нечии стапки што се втиснале по маказарските патеки и врват низ времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бурична и наиде на дел, во платно подврзан сиво-зеленикав тефтер, грбот и аглите подврзани со кафена имитација на кожа, извалкан од префаќање со нечисти раце и со наслов втиснат во корицата – Ledger (Главна книга), веројатно донесен од Америка, од татка му, некаде во дваесеттите години на минатиот век.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потем: Трите победи го навестија ова: Кралот Филип виде сон: „Печат на чија плотна има втиснат лик на лав... го зема Филип и го втиснува на утробата на жена си... со еден силен замав!“
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
На ваков начин на авторот му успева низ еден потег да втисне карактеризација во одреден лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе