вруток м.

вруток (м.)

Времиња никојпат не ве напуштил, никојпат не ќе пресуши нашиов вруток- Непокор.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Утрината беше чиста, како планински вруток.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти си наша чест и гордост, песна наша што нѐ крили, ти си полет, радост бујна, вруток што ни дава сили.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Имаше свој моќен внатрешен тек кон вистината, реалноста, запрен на природните врутоци на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Благодатното тупотење на срцевото моторче ги потпалува искрите надолж и нашир, па кога чиниш умира, тоа пее, врие песната како од грло на неизгаслив вруток и ги воздигнува добрините.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Пресоздавањето на исушената вода го означува врутокот на песната.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Пено на ледениот здив На змијата под каменот со претчувство на трпкиот сјај од сончевата трпеза на летото Пено на древниот вруток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се сеќава, чувството на бессилие, на недоверба, и некоја лутина што таму, на фронтот негде на Кожув, избликна од него како ненадеен вруток, беше причина да ја напушти воената единица на потполковник Дрангов, да го фати ризичниот пат што водеше низ линијата на фронтот и едно зимско утро во 1915- та да се најде дури на Солунското џаде од каде можеше да се насети и мирисот и здивот на Белото море.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше сета во бело; си помислив: „непримерно бело за околностиве“; носеше дури и бела баретка, а од под баретката, како од лошо зачепен вруток бликаа руси локни коса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Извира од мене како обилен вруток и се шири насекаде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Низ крвни зрна врел вруток излез бара, спас од пусто тело. Пареа се крева.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Солзите од очите на Рада почнаа да извираат како од вруток.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)