вртоглав (прид.)
Просенија последен пат некаде угоре, тоа дека беа над него го сети само по болката во преоптегнатиот врат, прошарија низ белината, која што немаше никакви други димензии освен таа вртоглава длабочина на матежот, која стануваше уште побездона од тоа, што имаше нешто во што можеше да биде впиен заталканиот поглед таму, под паднатото небо, кое не се разликуваше по ништо од наврнатата земја, се мернаа уште некој пат, а потоа врнежот се заклопи за нив и бесповратно ги скри.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Менувањето на кулисите на пост-замјотресното Скопје беше вртоглаво. Градот од разгледниците исчезнуваше без милост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Гринавеј, наместо да ја појасни оваа необична приказна, веднаш го конфронтира гледачот со збунувачка визуелна и аудитивна буица од неокласични сцени, вртоглави играчи, компјутерски генерирани видео слики, Елизабетски стихови и сензационални звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во Париз небото никогаш не одлепува, не лебди, тоа е заробено како мал приватен имот во декорот на болежливи згради кои си прават сенка едни на други - наместо едни на други да си бидат вртоглави фасади-огледала, како фасадата на крупниот капитал во Њујорк. По небото се познава: Европа никогаш не била континент. 64 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
1. Преобразби
„Срцето ме влече да ги опеам преобразбите
во други тела“,23 на Ѓаволот конецот
намотан на макара да го замрсувам
јазикот да го вртам вртоглаво
на врвот врв да најдам
во коцката, коцка-бесконечност
во кругот, точка-вселена
за габите легло, да го откријам
-пред да пропеат првите петли-
мистериозниот отпечаток, совршено обол
божјата преса по европските полиња
додека житото живее знак дава
човекот да се прилагоди на чуда
и да мисли низ чудеса
небаре сѐ е
од два краја составено
на два раздвоено, непостојано
хаос и космос секаде и секогаш
отровен и неотровен свет двојници
свет условно отворен
на слобода пуштен
за да биде поблиску до смртта
најаве
одошто теориски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво.
Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)