вртка ж.
вртка несв.

вртка (несв.)

Каков ред, каква чистота ќе биде? Не врткај ми повеќе, работа ме чека, не е ред!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Митра пак почна да се вртка околу Доста со целото нејзино притворство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Намириса Мицко дека дедот Билјар вртка уште од турско по петшестотини илјади жолти и гледа на некој начин да ги лапне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жена му, гледајќи го како се вртка без работа, го прекоруваше: - Ангелеее, - викаше таа по него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прво неколку недели се врткал околу Лумановото село и еден ден го отепал Турчинот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За негова среќа, тој не поминал во тоа време и полицијата забележала како човекот сомничаво се вртка и го опколиле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Околу чешмата се врткаше човек, облечен во градска носија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Значи, да не должиме. Зборувај: кого од селово си забележал да се вртка околу него?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тетка Анѓа долго се врткаше во училиштето и упорно се бореше со немаштијата и гладот, штедејќи го брашненцето за подолги и потешки денови; чичко Петре постојано ѝ помагаше, ѝ се наоѓаше за што било и ја утешуваше дека и ова еден ден ќе помине и ќе дојде време убаво и среќно.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја чекам да се соблече, да руча, па да се одмори, како секој ден, но таа само се соблече и продолжи да се вртка околу мене. Сигурно ѝ е тешко, си мислам, да ми каже дека добила единица.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ех, кога би имал внучка како тебе! - ѝ рече на Билјана која постојано се врткаше околу него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Ете, оттаму ти киниса, можат да помислат оти и јас тамо се врткам, та не ќе бидиме ногу сигурни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе