вртипоп (м.)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Беше темница, но по миризбата го пронајде вртипопот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А и со попот нешто се случувало: со млака 'рѓовита вода од преварен вртипоп си ги исплакнувал до вчера крвавите непца и учел нови молитви оставени во книга од некој покоен Јоаким Крчовски или од некој народен учител со слично име што и калем на овошка признава и длабочина на ораница советува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од играта со вртипопот, излезе дека треба да го стави медалот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)