вроден (прид.)
Докторот што го прегледа, рече дека е последица од насилното спречување на функцијата на левата рака бидејќи кај левучарите тоа е вродена особина да се склони повеќе кон развивањето на левата рака.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Моќта кон метаморфозата – да се биде насилен, дрзок потоа без напор ранлив, кревок – во музиката е вродена и поради тоа, што таа, во сета своја валентност, останува женствена, нејзините визии сонувани.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
„Можеби во Босна ќе треба да се предупредува човекот на секој чекор, во секоја мисла и во секое, и највозвишено, чествување да се варди од омраза, вродена несвесна, ендемична омраза.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој копнеж по најмалото, но сопствено парче простор, вроден кај секој од нас!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Волјата и заканите не се доволни: зарем е можно да се игнорираат прадедовските обичаи, еден модел на живеење којшто Отоманската Империја не успеа да го промени, скалата на вредности која се заснова како на вроденото искуство така и врз неразделно поврзаното суеверие?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, видливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Овие клинци навистина умееја да се облечат, имаа вроден инстинкт за тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа е слугинка на лудилото, ковач на заблуди, беден црв и болест на сетилата, опиеност на срцата, вродена измама, убиец на разумот. okno.mk 235
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Поради класата, приходите и вродените способности, таа не е достапна секому.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Препуштени сами на себе, како добиток пуштен слободно по висорамнините на Аргентина, тие му се вратија на еден начин на живеење што изгледаше како да им е вроден, како на еден вид прадедовски модел.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше, се разбира, тоа страв; беше тоа еден вроден страв од граматиката на љубовта, резултат на незрелост и неискуство; оти јас очекував нешто сосема друго.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше неверојатно богата домашна библиотека со светски класици и воопшто некој вроден инстинкт за убавина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А со мене раководи впечатокот и вродениот инстинкт а не само студениот поглед на логиката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Поради вродената расеаност, тој им дозволил да залутаат на многу различни страни и да водат самостоен живот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)