времеплов (м.)
Тоа страшно ќе ја задоволи, како да ѝ ја даруваш последната роза или ја водиш на бесплатно патување со времеплов.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дедо Мраз е најзаслужниот бесмртник – времепловец.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Задоволството од раскажувањето приказни е во самото раскажување. Раскажувањето е времеплов...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секој на свој начин го раскажуваше својот животен времеплов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, сепак, вака младото друштво ѝ годеше, ја враќаше назад низ нејзиниот времеплов на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада повторно го впери погледот во зеленобадемастите очи, прекинувајќи ја Ивона во времеполовот од мисли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)