вреднување (ср.)
Оваа предност на уметничкото доживување на нов начин истовремено е и нејзина најголема мана, бидејќи за разлика од генуината уметност, којашто допира речиси до секој човек, таа е резервирана само за оние кои мораат претходно да се доведат во иста состојба на променета свест и на нови естетски вреднувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Веќе во шеесеттите години се пројави позитивно вреднување на новите тенденции.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
„А ти сметаш дека мора да постојат општоприфатливи критериуми дури и при вреднувањето на шегата“ се смеам јас „а притоа забораваш дека смислата за хумор нѐ има одминато.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Треба младината да се насочува кон вреднување на македонските културни богатства, нивно представување надвор!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако треба да изградам хиерархија на успешност или вреднување на личноста според убавината и интелектот, ќе ги издвојам следните: 1. глупави и грозни; 2. глупави, а убави; 3. паметни и убави и 4. паметни, а грозни.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мешајќи ги занесните преносители на сексуалното идолопоклонство со едно одвоено, речиси клиничко вреднување на убавината, геј-мажите остваруваат некој вид беспристрасност во односот кон еротските предмети што им го приближува доживувањето на сексуалната желба до доживување на чисто естетско созерцание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)