врамнотежен (прид.)
Можеби двете страни малку треба да се прилагодат, но сѐ се одвива во корист на оние што сакаат само сигурност и врамнотеженост.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Без да се обидуваме да дадеме врамнотежено толкување на целиот мит, сепак ќе забележиме дека карпата и орелот можат да се согледаат како две страни на мајката, за која некој е врзан: (карпа: „гранитни гради на очајот”) и која го прождира (орелот).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Затоа, мислам дека најмногу ми одговара една состојба на врамнотеженост на нештата, состојба на мир со секого па дури и со родениот брат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ја препознаваме „облеката“, возрасните политичари на индустриската ера, со нивната „без глупости“ трезвеност и врамнотеженост.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ретки се пределите во светот каде што историјата и географијата се врамнотежени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)