впушти (св.)
А кога еднаш поверува во неговите зборови, Змејко веќе немаше зошто да не се впушти и најдлабоко во сето тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа беше еден негов лов, сите во неговото село му признаваа дека тоа е најмногу негов лов, во кој секогаш се впушташе, а сега неочекувано му стоеше тука, во таа длабока трага пред него, и го мамеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Калуѓерот го одврза и тој штом стана, се впушти кон жените да ги бие...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога ќе почнеа да го дерат и да му ја чистат утробата, по миризбата дотрчуваа сите селски кучиња, се собираа наоколу, 'ржеа, квичеа, завиваа, се впуштаа да вчапат од трбушката.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Воопшто не се впушташе во заводливото преплетување на философските и литературните жанрови, кои на крајот се влеваат во струјата на „општо случување на текстот“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Веќе споменавме што се случува: 1. Ориентацијата на сопственото јас е примитивно орална; обземено со недоумица како да ја одржи својата животност, додека при тоа е престрашено да се впушти во што и да е. Тоа е очајно и прежеднето.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се впуштивме во ноќта, а заборавивме да се оптовариме со камења. Затоа сега лебдиме по воздухот.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Искушението станува големо за читателот: дали да се впушти во имагинацијата на еден автор, како и во перипетиите кога го водат во 1979 година во сталинистичка Албанија, на возраст од триесет и шест години, во составот на една културна делегација од Македонија?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Вариациите, понекогаш налик на оние во музиката, одекнуваат во неколку негови прозни дела, па и во неговото веројатно најпопуларно дело, кусиот роман Казнување на беби-ситерката (1982), во кој Кувер на трагикомичен начин се впушта во едно длабоко истражување на садистичкото искуство, варирајќи еден единствен настан во текот на целиот текст.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тој ме погледнува и не се впушта понатаму во разговор, не му е јасна таа моја „друга“ работа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кој не го знаеше тој завалија...“, рече Никола некако нервозно, чиниш лут самиот на себеси што го спомнал Брзакот, што исчекорил од својата прикаска впуштајќи се во деликатен дел кој би можел Сврделот да го прикаже поврзан со убиството на Граматниковски.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но ова е прашање во кое тој би се впуштил кога би правел запис или би го раскажувал својот сопствен живот. Тоа сега не е случај.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)