востановување (ср.)
Востановувањето на национализмот вклучува давање повторен сјај на нечие минато, изнаоѓање на традиции и преземање на културните, географ ските или политичките територии кои биле земени од други.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)