воочлив (прид.)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Пациентот останува психотичен дотолку што расцепот во неа или во него опстојува, иако воочливи надворешни „знаци” не мора да постојат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа воочлива декорираност на иерархот, Германците се правеа дека не ја забележуваат, меѓутоа чувствувајќи ја свеченоста на мигот што со тоа митрополитот им ја сугерираше и тие останаа да стојат пред посетителите. „Да Ваша еминенцијо, таа листа ни е неопходна”, ја подаде раката СС командирот Беренц. „Добро, но најнапред ќе ви го покажам писмото што го напишав до една значајна личност”, рече владиката и од под расото извади лист хартија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Далеку помалку воочлив проблем кој е барем исто сериозен колку кршењето на работничките права е нивното постојано намалување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)