вообичаен прид.

вообичаен (прид.)

Како историчар, современик и учесник, Мисирков успеал, без вообичаената историска дистанца, прилично точно да го определи местото на овој процес и неговите основни координати во македонската национална историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влегуваше трипати во денот и со вообичаени движења си ја свршуваше работата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
XIII. Мислеше дека ќе биде само една од вообичаените утрински прошетки околу пиланата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сети на секирата, која во ваква прилика би била попогодно оружје, но не ја најде на вообичаеното место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Зајачето Шарко имаше име што не беше вообичаено за зајаците, но кожувчето толку му беше шарено, па само тоа име му прилегаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Во екот натуристичката сезона, низа улици во Софија се полупразни, без вообичаена живост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чувствувам – ова не е мојата вообичаена утринска прошетка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Спротивно на својот карактер, спротивно на своите вообичаени султански постапки и навики, многу време изгуби со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По некое време, татко ми и мајка ми се разбудија и станот се исполни со вообичаените попладневни звуци и движења.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Откога ручавме молкома, татко ми се повлече во својата соба на вообичаената починка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше излезен од вообичаениот ритам на живеење во денот. Го следевме неговото движење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не можеше веднаш да се соземе од сознанието дека син му толку се забраздува во кариерата, наспроти вообичаениот бавен ритам, толку важен за опстојувањето на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го зел вообичаениот предмет и го поставил на тој начин што неговото употребено значење се губи под новиот наслов и новиот агол на набљудување - за тој објект создал нова идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа треба да биде само делување во согласност со нив поради вобичаената физичка каузалност (зарем тоа не вклучува волја?).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Не кажувајте ми дека сум добро, дека настинката минала, зашто јас, докторе, сѐ уште се чувствувам лошо! Ха!“ се засмеа тој на својата вообичаена шега.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во терапијата, објективизирањето на овие вообичаени и општоприфатени практики на моќ значајно учествува во нивната деконструкција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе