вонземјанин м.

вонземјанин (м.)

Еве ги вонземјаните. Воопшто не се страшни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во главата му работел механизам со кој управувале вонземјани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„13 „Alien abduction syndrome“ („синдром на киднапирање од вонземјани“) е појава „озаконета“ во психијатриската пракса во САД, и инспиративна е за многу рецентни SF филмови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Логиката на Дикинсон е слична: ако постои портрет на вонземјанин постои и нашата хистерична опсесија со вонземјаните.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Замислено гледаше во пејсажот, копнеејќи по некоја глетка - изненадување: змеј што блуе оган во низок лет над нивите, пуфкајќи чад и притоа испишувајќи го на небото нејзиното име, или автостопер вонземјанин, со антени и влажни стаклени очи што на чист македонски бара превоз до најблиската бензинска пумпа, не заради горивото туку затоа што му се пријале Квики-гриц.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Онаа девојка, што смисли сексуална врска со вонземјанин, например? Се сеќавате?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само се плашам од замислата за напредните вонземјани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Несакајќи да си го признаеме тоа на себе, ги нарекуваме вонземјани. Па да, доаѓа ера на компјутери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)