возен прид.
вози несв.

возен (прид.)

Од тие заби сега светкавично молсна: „Сакам возен билет за Виетнам. Може ли?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мораше да се потрчува за да се затопли човек додека гледа во таблите, во многубројните табли, поставени на перониоте на кои е испишан возниот ред, на кои патниците го бараа „својот“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Возни билети и лични карти за преглед!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кондуктерот и милиционерот ги прегледуваат возните карти и личните исправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постојано сретнував Американци, можев совршено да го читам планот на Њујорк, го знаев на памет и возниот ред на американските возови, бидејќи од таму порачував каталози, тоа беше моја најомилена забава.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А немаат возен ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зашто, ако овој писател со истата леснина како и Исмаил Кадаре се ориентира во лавиринтот на балканскиот простор и време, тој со Данило Киш ја споделува величината на највозбудливиот омаж, посветен на најпотресниот лик на Таткото: во романот Градина, пепел на Киш, незаборавниот Едуард Сам настојува да го состави универзалниот возен ред, додека таткото на Старова сака исто така да оствари еден колку огромен, толку и хемерички проект:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во делот од денот помеѓу пладне и зајдисонце се завршија сите работи: фотографија кај дедо Живко, писмена изјава од него дека сепак ми дозволува да се запишам на Учителска и пари за возен билет и да ми се најдат за овде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Според процената на Морган од 4 февруари 1943 година основните цели за уништување на мисијата требало да бидат: “(а) Електричната централа во Тетово. (б) Локомотивите и возниот парк на теснолинејката а споредни цели можеле да бидат: (в) Инсталациите на електричната станица, трансформатори и др. во Радуша. (г) Надземните јажиња од рудниците. (д) Помали саботажи на теснолинејските шини.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ја платив возната карта и во џебот ми останаа само уште вкупно три американски долари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се случуваше да стигнеме навреме, според прецизните Таткови проверки на возниот ред, а таму да го нема нашиот Балкан-експрес.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пред да стигне возот, Татко, како најзагрижен од сите патници кои вистински патуваа, се распрашуваше за непредвиденото доцнење на возот, за промената на возниот ред.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко кој често и неочекувано се препушташе на фугите на егзилот, верувајќи дека во постојаниот бег се крие спасот на семејството, неретко одеше на железничката станица во Скопје да го проучува возниот ред на возовите кои го напуштаа Балканот, знаејќи дека нема никогаш да отпатува со ниту еден од нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека рајата гладуе, тие само си го обновуваат возниот парк.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговите долгови вкупно изнесуваа речиси петнаесет илјади марки, бројот на неговите доверители над седумстотини, почнувајќи од еден трамвајски кондуктер кој му позајмил триесет фенинзи за возен билет, до татко ми кој вкупно требаше да добие две илјади марки, зашто на стрико ми Ото најверојатно му било најлесно нему да му го олеснува ќесето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Возен ред Камионот што собира ѓубре поминува во десет навечер, со жолтите ротациони осветлувајќи ни ги прозорците.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)