водотек м.

водотек (м.)

Но и покрај таквата увереност, додека гледав во текстот на Грофот сфатив дека си го поставувам она чудно прашање: во кој мој живот ги имав видено тие мали картички со бујни водотеци од стихови?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А, што не би можела јас да го скротам Долгиот и да го свртам неговиот водотек кон мојата воденица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Доста, доста! - Ѓорѓе по секоја цена сакаше да го смени водотекот на овој разговор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Водотекот на таговните солзи претвори го во радосници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)