водар м.

водар (м.)

— Ајде, мори, токо се бричите вие за попови снаи. ама којзнае ушче колку ќе се промени тој маж! — им вели Јова Даркова, третата водарка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Водарките ја дупнаа со лакти средната другарка, а левата рече: — Ами кога та веле јас, златна, оти попот а оставил Анѓа, ти ка велеше? Не веруам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама и водарките пуштија чекор и таман на ќошот од Влашкиот ан — среќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но имаше и такви вечери кога водарките не пееја кога си доаѓаше оној од градовите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерта од сите страна на селото се слушаа песни на водарките. Дошле туѓоземјани... ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Водарот сѐ стори само да го најде, но попусто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама ќе го научам... - врескаше водарот и се џареше во нас. Очите му беа крвјосани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ноќта кога заржи ждребето, Кога се покажа гласот на водарките што пееја, Тој долго се мачеше да се поткрене од постелата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Водарите не полнеа вода ако таа не наредеше, варџиите не ја гаснеа варта ако таа не го кренеше камшикот, а делкачите на каменот што се собираше за градење на џамијата, а што ќе преостане и за кулата и теќето, не работеа додека таа не поминеше и со опул не ги штрекнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)