вметне (св.)
Во многу неверојатниот случај кога некој дијалогичар би пишувал некој контрапунктен акростих како омаж за Бах, дали мислите дека би било подобро тој во акростихот да го вметне своето име или името на Бах?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Внатре кориците на часописот вметнати се 15 огласи, од кои три се повторуваат два пати. Едниот од тие три дуплирани огласи е тест- огласот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во осумдесеттите Ле Гак, типично „попартистички“ но со една нијанса повеќе на „онеобичување“, почнува да слика „копии“ на слики од масовната култура (корици на книги и плакати на филмови од триесеттите), притоа користејќи цела палета на различни техники, играјќи се со „стратегиите на идентитет“ (правејќи одредени анонимни мистификации), вметнувајќи во своите „слики“ прожектори, камери, машини за пишување...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Веранди, тремови и шупи, на врвот од планинскиот венец, в шума вметнати - овде Рене неколку недели требаше да го заменува главниот лекар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со вметнување на Титовата изјава во нацрт-предлогот и нејзино прифаќање од страна на Бугарија било договорено потпишувањето на договорот да се изврши на 19 јануари 1945 година во Белград од страна на бугарскиот премиер Кимон Георгиев и претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
После ќе гаташ над моите рецки
над испрекинатата линија на судбата
срочена во 64 хексаграми на енигмата
а тој ќе вметнува во ребусот по некоја
права, проста, прозна
и позитивна цртичка.
Машки синопсис!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како што беше веќе речено, на спомнатиот симпозиум, уводниот дел на известието на професорот Седларов беше изоставен бидејќи тој сметаше дека вметнувањето на личните збиднувања и видувања можат да ја намалат вредноста на научниот приод толку сериозно третиран во забелешките навдени во светите книги.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дел од написите, записите и расказите Христов подоцна ги вметнал, интегрално или преработени во своите објавени романи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мадам Рада Мојот практичен ум цел ден ме тера да мислам дека можеби е време, и тоа крајно, да вметнам нова шифра на дејност во мојата фирма загубар, која нема да бара многу средства за вложување, а маркетингот ќе го прави самата задоволна клиентела, по принцип „од уста на уста“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Значи, брат ми се оженил за белосветска курва, се вметна и лудата Ана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)