вкрстен (прид.)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дојде ли до каква било засечка стрелајте со вкрстен оган и во Младичот и во Ѓорчета.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Потоа ќе ја здиплеше изветвената карта на која одвај се распознаваше слободата И на која уште светкаше огнот на вкрстените мечови Врз белата пепел на предците.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Миг. Погледи вкрстени како копја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Поставиле таблички со знак дека е извршена интервенцијата: - Опасно! - и череп со вркрстени коски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Некој ќе нѐ подлаже: Ете, онаму, зад шумава, има од вашите, а оттаму, одзад шумата ќе нè дочекаат Црвените. И тоа со вкрстен оган!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Том стоеше пред него, неговите огромни подлактици беа вкрстени на шанкот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Налактен на колената и со брадата и устата втиснати во вкрстените збрчкани дланки, молчи и натажен поглед има вперено во дворот обраснат со коприви и диво зелје.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Неколку вкрстени линии љубов.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тие навлегуваат од една во друга димензија, вкрстено, така што ја формираат сега за сега четвртата димензија (1.материја, 2.простор, 2.време, 4.магнетизам). Значи, светов сега е четиридимензионален.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)