виљушка ж.

виљушка (ж.)

Проштавај, куме! Што дал господ! (Вади од пазува раскречена виљушка, набодува една дробенка и му дава на кумот.) На, куме, мезе! Декшавај!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не знаете дали ќе ве накалат на виљушка или ќе ве фрлат на кучињата. Хе- хе. Така е или не?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе ја надене ко со вила, ко со вилушка, велеше, ќе ѝ го преврти чкембето, ќе ѝ ги смеша цревата, ќе ја истрбуши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од каде штурец, си мислам, па после тоа црцорење ми иди како тропање на матерки, на вилушки, на лажици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На крајот си ги чистат забите со голи прсти, со нокти или боцкајќи се со вилушката во непцата околу забите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми чукаат инструменти од болничката ковачница: клешти и виљушки, пили и сврдли, ножици и маши, пинцети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Полковникот Бонети правеше напори да проба од јагулата, ја бодеше виљушката во неа како да ја убива, откинуваше парче, го ставаше в уста, но грлото му се затвораше: поголтнуваше по малку со мака.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Затоа секогаш со палецот и показалецот ќе поминам по лажицата или по виљушката, под прстите чувствувам засушено јадење од вчерадента.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој со себе носи: сантиметар, автентична копија на онаа месинганата на традиционалниот лењир (стандард - мерка)“, а исто така има и акустична вилушка, чиишто периоди „се внимателно определени - во термини што значат соларни секунди“. okno.mk | Margina #3 [1994] 29
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Чудно“, мрмореше таа. Кога дури третото попладне поита долу за да руча тој им се насмевна на студените ѕидови, посивените чинии и изгребаните лажици и вилушки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И точно, не видов кога парапсихологот- вентрикулист со својата вилушка ми ги трансферираше ко божја солза прочистените сигнали што доаѓаа од антените на атомската мравка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Крамповите, лопатите, секирите и клештите, виљушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени: Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На вратата ѕвонењето се повтори, погласно и поупорно, а заѕвонија и ножовите и виљушките врз чиниите кога стана Горда.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Предо се загледуваше во нашите ножеви и виљушки, да види како го правиме тоа, па и сам го расече својот ширден правејќи од него партал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан се врати со една чинија во едната и две виљушки во другата рака, Горда ги симна нозете од масичката за да отстапи место за салатата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веднаш потоа како да се сети на нешто, па забодувајќи малку месо со виљушката се сврте накај мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Маци! Маци! - почна да вика и да шара со погледот додека виљушката сѐ уште ѝ стоеше во рака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе