висне св.

висне (св.)

Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Фрли поглед и кон заинатено виснатото пладневно сонце.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сонцето зажарено беше виснато над нивјето и печеше со сета своја жештина...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Жената врисна оттргнувајќи се од неговата долгорака прегратка. И пак стана уште поситна, понесигурна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Опчинет за звуците сум виснал. Удри ме.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сѐ е затворено. Опчинет за звуците сум виснал.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Стоеше со тешко виснати раце набрекнат од крв и ракија и гледаше во недокучивоста на небото на кое изгасна една светлост со кус живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сте читале ли некогаш природознание со слики во бои?“ „Какво природознание“ , им виснаа рамениците од обете страни на издолжените вратови. „Ние не сме растеле дури ни во ситносопственичка фамилија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не фолираше: лазеше со грб по стутканиот чаршав, главата му паѓаше или нозете му виснуваа а некој пршлен во нејакиот `рбетен столб молскаше со брзи кратки болки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му ја гледаше само левата страна од лицето, побелениот мустаќ млитаво виснат, металното копче од блузата жолто блеснато како око на мачка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само апла не лажи го: тупаницата тој своја како туч во камбана за удар ќе ја висне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И сега ми дојдовте вие во возбуда во изненада восхитени што тука сум виснал окружен од завидните старци.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Виснатите мустаќи му биле црвени. Од ноздрите и од устата со долги заби му бликале крв и јад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Револверски истрели небесни, триесет жолти балони виснати.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сенката се прикрадува, девојката се свртува, вриснува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Едно утро, Татко кон мугри излезе на чардакот на куќата, виснат над реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Појдов кон удолната врвица од карпестиот рид, на кој беше виснат Манастирот, крај најголемиот извор на Езерото, кој ги поврзуваше двете земји и завршуваше во бучната река која се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе