вилица ж.

вилица (ж.)

АНТИЦА: Ти повторувам, некој со јаки вилици и негов близок.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мече почна да тресе со вилиците од страв.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Не знаат но виѓаваат: на паднатиот Тони долната вилица му се откачува и морничаво закрцкува под топукот на еден од нив двајца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чудна беше таа глава со мускулести вилици, широка во брадата, тесна во челото покриено со црна остра коса. Држејќи го паднатиот и го кошна со нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога ќе требе да го изговорам твоето име позајми ми ги вилиците.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Другиот се насмеа. Долната вилица ниско му падна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со големите волчи заби гризеше камен за да не му се замрзнат разглобените вилици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отец Симеон ги откри скоро сите свои заби на горната вилица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А пратеникот навидум човек мирен, но со опасни очи и со јаки вилици, го ниже со поглед. И го остава да размислува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ги стегна вилиците. Не рече ништо. Џемал-ага благонаклоно се насмевна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една остра морница се надигна од неговите петици и му го поколеба стојалиштето ползувајќи го сиот, а после се собра во неговите вилици и тука го склешти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа надоаѓаше, заедно со стинеењето на неговото тело, заедно со нездржливиот трепет во вилиците, што сеќаваше како му се гнезди и во секој негов дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе