викендичка ж.

викендичка (ж.)

Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неговите роднини го сместија во соседната викендичка, каде тој за нив ги чува компирите и прасенцето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега јас пораснав, имам чувство на сопствено достоинство, викендичка со градина и подрум со муниција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во текот на наредниот викенд Летка го посетила своето семејство во Лаврион каде што нејзините имаат викендица во неделата вечерта по телефон му се јави на Едо: „Да!“ рече со изразита нагласеност. „Таму сум. Среде твојата прикаска!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Посебно задоволство на авторот му беше последното летување во нејзината наследена, сега обновена викендичка во Лаврион.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ете ти самостојна куќа, приватна ординација, деца по демографско планирање, викендичка за летување и коли за секој одделно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Морам да признаам дека не бев размислувал доволно кога одлучив да ја кутнам тополата за да имам материјал при преуредувањето на воденицата во викендица. Изгледа заборавив да ја кренам главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
У тој момент е опседнат со дилемата дали да ги разбуди пријателите од соседните викендички и со нив да ужива во животот и во сѐ она што создал... или... да седне во белата кожна фотеља од својот монструозен глисер, да го разбранува мирното езеро и силно да го почувствува душевниот мир што му го овозможува државата у која живее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За тоа е задужена викендичката у Маврово, што се наоѓа у прв ред до езеро, на сама плажа. Нова, ганц. Дефинитивно, тука е рајот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Притоа, во тој воведен дел професорот го беше навел како потврда местото, (предел околу Пчиња), и името (Наум Светиев) на самотникот, сопственик на мала куќарка, надвор од градот, во непосредна близина на викендичката на професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Често одевме во нашата викендичка во Маврово.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја правеше викендичката сам со години, со голем мерак и љубов, камен по камен, даска по даска.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Маврово го сакавме и двајцата. Нашата мала викендичка, целата од дрво, се наоѓа на работ од шумата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во нејзината близина имаше многу хотели и викендички.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Куќичката ме воодушеви, била правена за викендичка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А дедо Кизо веќе не беше тој. Секој ден ги чекаше синовите да дојдат и да го однесат во Велес на викендичката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе